Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка по шпионскиот скандал
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг поднесе оставка веднаш по аферата со осомничената кинеска шпионка, објави компанијата денеска, пренесе ДПА.
Главната финансиска директорка Колет Крес ќе биде привремена извршна директорка, соопшти одборот на директори во соопштението.
„Придонесите на Јенсен во Енвидија се суштински“, се навдува во соопштението.
„Енвидија е една од најзначајните технолошки компании во светот. Одборот и компанијата му се заблагодаруваат на Јенсен за неговиот неизмерлив придонес во компанијата и индустријата“.
„Енвидија“ започна истрага во неделата по извештаите дека Хуанг бил цел на „напори за странско разузнавање“, но рече дека нема причина да верува дека тајните на компанијата или националната безбедност биле компромитирани.
Хуанг ја потврди аферата во е-пошта до вработените.
Акциите на компанијата вчера паднаа по извештаите дека одборот размислува за негово отстранување.
Чиповите на „Енвидија“ доминираат во центрите за податоци што тренираат и управуваат со системи за вештачка интелигенција ставајќи ја во центарот на технолошката трка меѓу САД и Кина и огромниот бран инвестиции што ја преобликуваат американската економија, потсетува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…
Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…
„Киел Македонија“, која е дел од германската…
Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…