Андреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга посветена на неговиот живот и дело!

t

Споменот за Андреј Лазаров доби уште едно трајно обележје. Во Мултикултурниот центар во Кочани беше промовирана книгата „Бојот се бие во срцето на јунакот“, посветена на животот на македонскиот фудбалер кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Преку страниците на ова дело, но и преку сведоштвата на луѓето кои го познавале, повторно оживува приказната за момчето кое остави длабока трага кај сите што имаа можност да го запознаат.

„Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите со кои беше доловен споменот за Андреј, чиј живот трагично згасна по големата трагедија во Кочани.

Авторот Марјан Гијовски во оваа книга ја составил приказната за Лазаров иако никогаш немал можност лично да го запознае. Наместо тоа, разговарал со луѓе кои биле дел од неговиот живот, со соиграчи и фудбалски пријатели, но и со личности кои го познавале надвор од спортските терени.

Од сите тие разговори произлегла заедничка слика за карактерот на Андреј, најдобро опишана со реченицата: „Лав на теренот, јагне надвор од теренот“.

Посебен дел од промоцијата беше посветен и на личните предмети на Лазаров. Неговите дресови, копачки, фудбалската топка и фотографиите беа изложени во центарот, потсетувајќи ги присутните на неговиот фудбалски пат, страста кон спортот и животот кој прерано беше прекинат.

Книгата е уште еден начин споменот за Андреј да продолжи да живее, преку приказните на луѓето кои го носат во своите срца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…

Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…

Апел за помош: Подарете му на Андреј…

Андреј е четиригодишно детенце кое од две годишна…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…