Атентат во Москва врз поранешниот портпарол на украински премиер, автомобил кренат во воздух
Поранешниот портпарол на некогашниот украински премиер е повреден во експлозија на автомобил во Москва, пренесуваат руските медиуми.
„Комерсант“ објави дека Сергеј Заворотни, некогашен близок соработник на Микола Азаров, прорускиот украински премиер од 2010 до 2014 година, бил хоспитализиран по експлозијата на автомобил во московската населба Чертаново.
Ова е втор ваков бомбашки напад во Русија во последните два дена, пишува „Ројтерс“. Москва ја обвинува Украина за претходните атентати врз високи воени функционери и лица вклучени во руските воени операции.
Телевизијата РЕН ТВ и телеграм-каналот 112 објавија дека Заворотни во нападот ја загубил левата рака и дека е хоспитализиран со потрес на мозокот, скршеници на ребрата и други повреди.
Поранешниот шеф на Заворотни, Азаров, побегнал во Русија во 2014 година, кога украинската револуција на Мајдан го собори проруското претседателско раководство на Виктор Јанукович, откако тој го прекрши ветувањето за воспоставување поблиски односи со Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.
Азаров во петокот за руската државна новинска агенција ТАСС изјавил дека нема никакви информации за експлозијата на автомобилот-бомба, освен дека Заворотни ја преживеал.
Еден ден претходно, во Санкт Петербург беше убиен припадник на руската војска. Украински извори во некои случаи ја преземаат одговорноста за ваквите напади, додека во други ја негираат. Киев не го коментираше нападот во четвртокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Атентат во Москва врз поранешниот портпарол на…
Поранешниот портпарол на некогашниот украински премиер е…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
Москва под удар на 630 украински дронови…
Москва во ноќта меѓу средата и четвртокот…
Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…
Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…