Трактор сам се придвижи на бензинска во скопско Ченто – загина 67 годишник

t

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното тркало го прегазил.

Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трактор сам се придвижи на бензинска во…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…