Бесент: Нема да ме заплашат смртните закани од Иран
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска изјави дека нема да го исплашат заканите со смрт, што доаѓаат од Иран, откако неодамна се пресели од својата резиденција во Вашингтон, во американска воена база.
„Зошто да се плашам кога храбрите припадници на нашата војска во Персискиот Залив, како и претседателот Трамп, постојано добиваат закани со смрт?“, рече Бесант во интервју за телевизијата Си-ен-би-си.
Сепак, Бесент оцени дека Иран се однесува „како опасно животно втерано во ќош“ додавајќи дека дејствува во согласност со упатствата на Тајната служба и дека се преселил од својот дом во воена база, од безбедносни причини.
Американскиот министер за финансии додаде дека една од причините за овој потег е фотографија од неговата куќа во населбата Џорџтаун во Вашингтон, направена од воздух, која ја објави „Волстрит џурнал“ во јануари 2025 година.
„Тоа е исклучително неодговорно и опасно и вакви работи мора да престанат“, рече Бесент.
Иран негираше дека планира напади врз службеници и граѓани на територијата на САД.
Висок функционер на американското разузнавање предупреди, во меморандум што го виде Ројтерс кон крајот на минатиот месец, дека плановите на Иран за напад врз американски персонал и граѓани достигнале напредна фаза.
Бесант од август ја предводи американската кампања за санкции и економски притисок врз Иран, наречена „Операција економски отпадник“, чија цел е да го принуди Техеран да ги запре нападите врз поморскиот сообраќај и повторно да ја отвори Ормуската Теснина.
Овој стратешки важен воден пат е во голема мера затворен од 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран.
Кампањата на економски притисок, која се спроведува паралелно со американската поморска блокада на иранските пристаништа, вклучува и воведување санкции врз филијалите на банките на Блискиот Исток и други финансиски институции кои ги олеснуваат трансакциите со Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесент: Нема да ме заплашат смртните закани…
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска…
За 270% зголемен бројот на притворени за…
Драстично зголемување на бројот на лица на…
Мерц со порака до Трамп пред средбата…
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика американскиот…
Како е ослободено Скопје – сведоштва на…
На 13 ноември 1944 година, борците од…
Загина човек од Ченто, неговиот трактор се…
67-годишен жител на скопската населба Ченто загинал…