Објавено на:

J.P. Morgan прогнозира: Производството на хуманоидни роботи во САД би можело да достигне 400.000 единици до 2030 година

t

Според американската брокерска куќа J.P. Morgan, производството на хуманоидни роботи во САД би можело да достигне 400.000 единици до 2030 година, паралелно со нивното зголемено воведување во употреба. Во четвртокот од J.P. Morgan изјавија дека производството на хуманоидни роботи во САД ќе достигне 300.000 – 400.000 единици до 2030 година, а околу 1,5 милиони единици до 2035 година, бидејќи индустријата преминува од фаза на демонстрации кон комерцијална примена.

Недостигот на работна сила, подобрената економска исплатливост и зголемените производни капацитети го поттикнуваат усвојувањето на хуманоидни роботи во производството, логистиката и складирањето, додека компаниите се стремат кон автоматизирање на задачите што се повторуваат.

Од J.P. Morgan наведуваат дека заклучокот на администрацијата на Трамп – оти увозната роботика и индустриските машини претставуваат ризик за националната безбедност – би можел да доведе до воведување царини или други мерки за поттикнување на домашното производство.

Примената на хуманоидни роботи е ограничена од хардверот, податоците за обука на вештачката интелигенција, компјутерската моќ и производните капацитети. Повеќето американски производители, со исклучок на Tesla, планираат производство од 10.000 до 30.000 единици годишно.

Според проценките на брокерската куќа, трошоците за хуманоидни роботи се приближуваат до нивото на трошоците за работна сила, а нивното користење во повеќе смени би можело да донесе годишни заштеди од околу 100.000 долари по клиент.

„Напредокот во блиска иднина останува ограничен од понудата, при што постојат неколку клучни тесни грла: рацете, актуаторите, „мозокот“ (системот за управување) и производните капацитети“, велат од J.P. Morgan.

Оттаму истакнуваат дека добавувачите на компоненти нудат најголеми можности во блиска иднина, додавајќи дека пазарот за клучни делови – како што се актуатори, мотори и системи за визуелно препознавање – се очекува да достигне вредност од близу 30 милијарди долари до 2035 година.

Меѓу американските производители на хуманоидни роботи, J.P. Morgan ги издвојува Optimus на Tesla, Digit на Agility Robotics, Atlas на Boston Dynamics, роботите Figure на Figure AI и Apollo на Apptronik како клучни играчи на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

J.P. Morgan прогнозира: Производството на хуманоидни роботи…

Според американската брокерска куќа J.P. Morgan, производството…

Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на…

При контрола на товарно возило со албански…

Бесент: Нема да ме заплашат смртните закани…

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска…

За 270% зголемен бројот на притворени за…

Драстично зголемување на бројот на лица на…

Мерц со порака до Трамп пред средбата…

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика американскиот…