Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле Трајанов, смета дека евентуалната промена на власта во Србија би можела да отвори можност за повторно покренување на прашањето за враќање на досиејата на поранешната УДБА.
Според него, Македонија треба повторно да побара од Белград информации поврзани со обидот за атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Трајанов потсети дека по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ лично иницирал барање за доставување информации, но, како што тврди, тогашните српски власти не покажале подготвеност за соработка и споделување податоци.
„Ова е добра можност, при промената на власт, бидејќи во суштина има континуитет на владеење во Србија долги години, да се покрене тоа прашање, не само за информациите за обидот за атентат на Киро Глигоров, туку во целина“, изјави Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.
Тој посочи дека прашањето за враќање на досиејата би можело да добие и поширока регионална димензија, доколку Хрватска и Словенија исто така побараат пристап до својата документација од поранешните југословенски служби.
Според Трајанов, не е исклучена можноста ова прашање да биде поставено и како еден од условите во процесот на европска интеграција на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…
Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…
Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…
Помалите парламентарни партии кои се дел од…
Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…
Заедно со другите помали партии одамна бараме…