Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна воздушна цел во близина на Змискиот Остров
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили утрово биле подигнати од 86-та воздухопловна база во Фетеșти, откако радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана детектирал воздушна цел во близина на украинскиот Змиски Остров.
Информацијата ја соопшти романското Министерство за одбрана на својата официјална интернет-страница, а ја пренесе БТА.
Жителите на северниот дел од округот Тулча добиле две предупредувања преку системот Ро-Алерт – во 4:45 и во 5:39 часот по локално време.
Ова било трето предупредување за помалку од шест часа. Претходно, во петокот вечерта, друга воздушна цел била забележана југоисточно од островот, во рамките на украинскиот воздушен простор.
Воздушната тревога била укината во 5:52 часот, бидејќи не било регистрирано навлегување во романскиот воздушен простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…