Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка починала откако се обидела да спречи кравите да влезат во нивниот имот. Според раскажувањето што го пренесе Митовски, жената била нападната од добитокот, почнала да бега, добила срцев удар и починала на самото место.
Митовски посочи дека човекот дошол кај него на прием и му го раскажал случајот. Стресот како причина за срцевиот удар беше наведен во неговото пренесување на сведоштвото, без во разговорот да биде презентирана медицинска документација.
„Мојот аларм: зарем треба да ни се случат нови такви или слични ситуации за некој во државата да каже дајте да ставиме крај на овој проблем?“, праша Митовски.
Градоначалникот предупреди дека последиците од добитокот што се движи без контрола не се ограничени на штетите врз приватните имоти. Во разговорот посочи и ризици за изворите од кои градот се снабдува со вода, како и за безбедноста во сообраќајот.
Според него, во летниот период добитокот се движи во повисоките предели, кај Калин Камен, во близина на изворите за водоснабдување. Тој тврди дека изминатите години таму имало и угинати животни.
„Ние изминативе години имавме угинати говеда и крави во непосредна близина на самите главни извори“, рече Митовски, предупредувајќи на можните здравствени и епидемиолошки ризици.
Во зима, објасни тој, животните се симнуваат во пониските предели и во градот во потрага по храна. На прашањето за кравите што ја лижат солта расфрлана за зимско одржување на патиштата, Митовски потврди дека и тоа се случува и дека нивното присуство на коловозите претставува опасност за учесниците во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…
Не дека многу ги почитувам или поздравувам…
(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…
Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…
(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…
Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…
Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…
Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…
И Европјаните кренаа раце од нас: Со…
Со својата реторика Владата и власта и…