Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека извршила напади врз американска воена база во Бахреин, во рамки на продолжениот конфликт меѓу Техеран и Вашингтон на Блискиот Исток.
„Американскиот радарски систем за противвоздушна одбрана во хеликоптерската база ‘Ар Рифа’ во Бахреин беше нападнат со шест дрона на Воздухопловно-вселенските сили на Исламската револуционерна гарда“, се наведува во соопштението на гардата објавено на Телеграм.
Во Бахреин е стационирана и Петтата американска флота.
Бахреинското Министерство за внатрешни работи утринава двапати прогласи воздушна тревога. Министерството на малата островска држава во Персискиот Залив преку социјалната мрежа Икс ги предупреди жителите за можна закана.
Бахреин ги повика граѓаните да останат смирени и, доколку се на отворено, да се упатат кон најблиското безбедно место што им е познато.
Откако САД, заедно со Израел, на 28 февруари започнаа напади врз иранската престолнина Техеран, иранските сили возвратија со напади врз земјите од Персискиот Залив на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Во почетокот на септември годинава повторно беа обновени воените дејствија меѓу Вашингтон и Техеран, поради што американските воени бази во Бахреин повторно станаа актуелни цели на иранските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…
Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…