Барал нож да ја докрајчи, татко му го советувал да ја фрли во провалија – Семејството на Сара добило пораки „да внимаваат“ зошто насилникот е на слобода!
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид каде млада девојка беше претепана и оставена на улица во бесознание, утрово споделува нејзиното семејство.
Во разговор со редакцијата на Инфомакс, семејството на Сара вели дека девојката не се чувствува безбедно во болница, особено знаејќи дека човекот кој се обидел да ја убие веќе не е во полициска станица, туку на слобода. Откако бил пуштен од станица, семејството добило совет „да си внимаваат“ затоа што насилникот е на слобода.
„Ни кажаа да си се вардиме, зошто психопатот е на слобода, а фаќаат врски да се заташка случајот“ велат од семејството и додаваат дека не се чувствуваат безбедни.
Особено е загрижувачки тоа што насилникот, според зборовите на жртвата, мислел дека таа е мртва, па се јавил кај неговиот татко „да ги собере пријателите, да ја расчистат работата зошто е под дејство на психотропни супстанци“, а од татко му добил совет да ја фрли во провалија, споделуваат од семејството.
Во објава на социјалните мрежи мајката на девојчето открива дека насилникот барал нож за „да ја докрајчи“, а за целиот настан има и сведоци кои одбиле да ѝ помогнат додека Сара барала помош.
– Посебно загрижувачки се и постапките на лицата од неговото опкружување, кои одбивале да ја однесат во болница, иако таа самата ги молела за помош. Наместо да покажат минимум човечност и да ѝ помогнат на повредена девојка, тие одбиле да реагираат.
Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.
Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица.
До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства? – стои во објавата на мајката.
Од семејството додаваат дека првично од страна на полицијата не бил евидентиран моментот дека таткото го советувал синот да ја фрли девојката во провалија, меѓутоа МВР е известена за ситуацијата. Сите лекарски извештаи кои до овој момент се готови семејството немало можност да ги види, единствено знаат дека девојката има потрес на мозокот, а се чекаат дополнителни испитувања за да се утврди дали има внатрешно крварење.
„Сара не спиеше цела ноќ, исплашена е дека ќе дојде да ја убие, полиција не можела да ја чува, ни рекоа ние доброволно да си седиме пред врата ако ѝ е страв“ – велат од семејството од каде додаваат дека таткото на Сара е задржан во полициска станица затоа што „ја загрозил сигурноста на насилникот“, додека тој се шета на слобода.
„Кривичната пријава не е доставена до Основното јавно обвинителство Охрид до овој момент. Досегашните известувања за настанот не содржат наводи како во вашето прашање. За осомничениот засега е поведена постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. ОЈО Охрид постапува за целосно испитување на настанот.“ – рекоа вчера од Основното јавно обвинителство за Инфомакс.
Од ОЈО Охрид и СВР Охрид најавија официјални соопштенија во текот на денешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барал нож да ја докрајчи, татко му…
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…