Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара, а судот определи МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ – Кривична доби таткото на претепаното девојче
По барање на Основното јавно обвинителство во Охрид судот определи мерки за претпазливост за насилникот кој се обиде да убие девојка во Охрид.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост. – стои во соопштението на МВР.
Од Обвинителството нема информација зошто не е побаран притвор туку мерки на претпазливост.
Кривична пријава сепак доби таткото на претепаното девојче.
Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…
Ина МногуФина со осуда за насилникот што…
Објава на Фејсбук на Ина МногуФина по…
Барал нож да ја докрајчи, татко му…
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…