Митровски: Прерано е да се зборува за обид за убиство, но ОЈО треба да објасни зошто не побара притвор за осомничениот од Охрид
Прерано е да се зборува за обид за убиство и треба да се почитува пресумпцијата на невиност, вели во изјава за Инфомакс адвокатот Јанаки Митровски коментирајќи го морничавиот случај во Охрид каде беше претепана млада девојка.
Од Митровски побаравме коментар за првичната квалификација на делото и мерките за претпазливост кои ги побара ОЈО, а беа определени од страна на Основниот суд во Охрид.
– Непрофесионално би било да коментираме што се неофицијални информации за настанот, дали бил под дејство на алкохол и психотропни супстанци, веројатно ОЈО ги има сите информации, ниту ОЈО може да бара притвор од неофицијални информации. Би требало во таков случај да биде алкотестиран и да се однесе на проверка на крв и урина за да се провери дали бил под дејство на алкохол и психотропни супстанци, но за волја на вистината тоа би му помогнало, не би му одмогнало затоа што би било одбранбена тактика да би ја довеле во прашање постоењето на неговата умисла бидејќи постои посебен институт кој го ослободува од одговорност, освен ако умислата не била и претходно опфатена пред да се доведе во таква состојба.
Дали треба или не да бара притвор ОЈО повторно зависи од конкретните околности кои ние ги немаме. Од она што е познато, се работи за сериозен и суров напад, а почитувајќи ја нормално пресумпцијата на невиност и приказната на другата страна, но видливо од фотографиите кои излегоа не се работи за обична телесна повреда туку за посуров напад кој подолготрајно траел, но ОЈО Охрид треба да ви одговори зошто се определиле само за мерки за претпазливост, имајќи предвид дека излегоа информации дека се работи за лице кое има очигледни политички конекции.
Јавноста треба да знае дека крајната квалификација не е врзана за онаа која ќе биде на почеток, односно можеби е и поправилно сега да се оди со тешка телесна повреда, па ако произлезе од постапката да се оди со потешка квалификација, или како што се бара за обид за убиство, меѓутоа тоа е реално прерано да се каже. Доколку нападот ја довел во животозагрозувачка состојба оштетената, оваа или било кој оштетен, тогаш постои можност да се оди со т.н евентуална умисла, дека бил свесен за последиците од нападот дека може да завршат со фатални последици, но се согласил со нивното настанување и сепак продолжил со нападот, сепак е прерано да се каже, вели Митровски.
Детали за настанот прочитајте на линкот во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…
Ина МногуФина со осуда за насилникот што…
Објава на Фејсбук на Ина МногуФина по…
Барал нож да ја докрајчи, татко му…
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…