Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Битола

t

Заврши откопувањето и безбедното отстранување на поголем број на неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од првата светска војна во непосредна близина на последните куќи во Битола кај „Тумбе Кафе“, околу 200 метри воздушна линија.

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување, како што информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, последните денови ја заокружија бројката на 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби кои што приближно тежат околу 1 тон и 100 килограми, а во себе секоја една од нив содржи по околу 60 грама експлозив.

„Или вкупно овде пред нас имаме околу 135 килограми експлозив како дел од убојните средства“ рече Ангелов.

Тој упати голема благодарност до пиротехничарите на дирекцијата, еден од двајцата професионално вработени пиротехничари Ѓорѓи Стефанов – Ѓорѓи и до тројцата поранешни припадници на МВР, сега ангажирани со договор за дело во дирекцијата, Тошевски Тони поранешен припадник на тигрите, Зоран Смилевски поранешен припадник на тигрите и Пеце Кокаровски поранешен припадник на одделот за антитероризам во МВР.

Ангелов ги повика сите граѓани кои што имаат информации или забележале неексплодирани убојни средства без разлика дали се работи за рачни бомби или други типови на гранати, бомби, минофрлачки гранати, од хаубици гранати, авионски бомби истото веднаш да го пријават на 112.

„Храбрите пиротехничари на ДЗС ќе дојдат на лице место и истите безбедно ќе ги отстранат затоа што за мене безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место“ рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Битола

Заврши откопувањето и безбедното отстранување на поголем…

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…

Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…