Се преврте брод полн со жито: Бугарија доби повик за помош од брод што тоне во Црното Море
Бугарските власти денеска добија повик за помош од товарен брод што тоне во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти бугарското Министерство за транспорт.
На бродот што пловел под сомалиско знаме имало 12 членови на екипажот, а тој превезувал три тони растурен товар, односно пченица, од Романија до Египет. Локацијата на членовите на екипажот во моментов е непозната, соопшти министерството.
Причината за несреќата сè уште не е утврдена, но се случила во време на зголемени тензии во Црното Море, каде што во последните недели се регистрирани бројни напади со беспилотни летала врз бродови покрај брегот на Бугарија и Романија.
Експертите ги поврзуваат овие напади со војната меѓу Русија и Украина.
Романскиот премиер Лука Никулеску вчера изјави дека беспилотни летала нападнале три трговски брода во Црното Море, во близина на романскиот Сулински канал. Тој додаде дека романските одбранбени сили кренале борбени авиони во два наврати.
Романскиот шеф на дипломатијата, Дан Некулаеску, денеска во Брисел изјави дека Романија ќе побара од своите партнери во Европската Унија да продолжат да обезбедуваат воени капацитети и да ја зајакнат координацијата со НАТО по нападот врз трговските бродови.
„Во последните 24 часа, регистриравме четири аларми од беспилотни летала, а три брода беа погодени во текот на викендот. Ова е неприфатливо“, рече Некулаеску по пристигнувањето на редовниот месечен состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.
Тој најави дека ќе побара од своите европски колеги да продолжат да придонесуваат кон воените капацитети во Романија, како и кон подобра координација меѓу Европската Унија и НАТО во врска со безбедносната состојба во Црното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се преврте брод полн со жито: Бугарија…
Бугарските власти денеска добија повик за помош…
Вајц: Македонија треба да биде предводник во…
Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на…
Предметот за претепаната Сара во Охрид одземен…
Предметот за бруталното претепување на младата Сара…
Опљачкана куќа во Визбегово, одземени пати злато,…
На 16.11.2026 во 00:30 часот во СВР…
Српското обвинителство му одреди два дена притвор…
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…