ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче, протестот во Охрид е за фотелји, а не за правда
Денес СДС најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој денес е зад решетки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Овој немил настан, за жал, единствените кои политички го злоупотребуваат се Венко Филипче, СДС и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДС ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар“.
„Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира. Протестот на СДС во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…
Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…