Епидемијата на ебола во Конго е надвор од контрола, се зголемува бројот на заразени и починати
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска Република Конго (ДРК) е сè уште надвор од контрола, шест месеци откако беше прогласена, а бројот на заразени и починати продолжува да расте со рекордно темпо, објавуваат денеска британските медиуми.
Податоците на владата на ДРК покажуваат дека повеќе од 11.000 луѓе се заразени, а повеќе од 5.500 починале откако на 15 мај беше прогласена епидемијата.
Епидемијата, предизвикана од редок сој на вирусот бундибугио, е втората најголема епидемија на ебола досега и се шири побрзо од која било претходна епидемија.
Официјалните бројки покажуваат дека бројот на инфекции и смртни случаи се зголемува двојно побрзо отколку во текот на првите шест месеци од епидемијата на ебола во Западна Африка, која траеше од 2014 до 2016 година, најголемата епидемија на ебола во историјата.
Според Светската здравствена организација, во таа епидемија беа заразени повеќе од 28.600 лица, а починаа повеќе од 11.000, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
И покрај големиот прилив на помош, недостигот од ресурси, безбедносната нестабилност и лошата координација ги попречуваат напорите за спречување на епидемијата, а здравствените работници во ДРК се цел на напади во локалните заедници кои не им веруваат на странците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…
Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…
(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…
Најавата на СДСМ за протест во Охрид…
МВР: Од 15 ноември до 15 март…
Од 15 ноември почна законската обврска за…