Објавено на:

Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството на ретки метали за 10 месеци

t

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ја стигнат Кина во производството на ретки земјени метали во рок од 10 месеци, без да објасни како ќе биде постигната таа цел.

„Произведуваме ретки земјени метали на ниво на кое никогаш досега не сме произведувале. Ќе ги стигнеме во рок од 10 месеци. Сè што ни е потребно ќе имаме за 10 месеци. Произведуваме огромни количини кога станува збор за ретките земјени метали“, рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Манила, одговарајќи на новинарско прашање каква порака има за Кина на оваа тема.

Трамп не појасни што опфаќаат бројките за производство, ниту дали тие вклучуваат производство од други земји. Вашингтон веќе долго време бара партнерства во странство за да ја намали својата зависност од Кина, која е доминантен производител.

По состанокот на Филипините, Трамп планира да отпатува во Кина, каде што в четврток ќе се сретне со претседателот Си Џинпинг. Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) почнува утре во Шенжен, јужна Кина.

Ретките земјени метали се појавија како клучна точка на спор во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина. По ескалацијата на царините од страна на Трамп во април минатата година, Пекинг воведе извозни контроли за некои од металите кои ѝ се итно потребни на индустријата.

Овие суровини се користат во високотехнолошкиот и одбранбениот сектор бидејќи поседуваат својства кои се суштински за одредени производи. Тие исто така се наоѓаат во секојдневни производи како што се екрани на паметни телефони и телевизори, погони за електромотори, полупроводници и турбини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…

Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…

Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…

САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…

Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…

Епидемијата на ебола во Конго е надвор…

Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…