Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми се веднаш, крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва!“
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео во кое презентира пораки и делови од телефонски разговори со Ива Михајлова и нејзината мајка Христина, тврдејќи дека тие се обидувале да го убедат да ја повлече претходно објавената снимка за наводните притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).
Според тврдењата на Цанов, Михајлова му пишала само неколку минути по објавувањето на првото видео, во кое зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија. Во пораките, како што тврди јутјуберот, таа изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители.
„Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“, е една од пораките што Цанов ги презентира во новото видео.
Тој тврди дека Михајлова му испраќала пораки во кои го молела да ја отстрани снимката, стравувајќи од последиците поради она што претходно му го кажала. Според неговото објаснување, пораките подоцна биле избришани, но тој претходно направил видеоснимка од нивната преписка.
Во новото видео е презентиран и дел од телефонски разговор со жена за која Цанов тврди дека е мајката на Михајлова. Во разговорот таа бара да не се споменуваат безбедносните служби, наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов и дека во спротивно би можела да биде ликвидирана.
Цанов вели дека располага со целосни аудиоснимки од разговорите, кои, според него, траат повеќе од два часа, и дека е подготвен да ги достави на проверка.
Претходно, Цанов објави снимка од разговор со Михајлова во која таа зборуваше за силни притисоци од ДАНС, поврзани со нејзиното медиумско појавување и условите за добивање помош за лекување и правна поддршка.
Според Михаилова, од неа било побарано прво да даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски, а доколку претходно гостува на друго место, би можела да ја изгуби поддршката за рехабилитација и адвокати. Михајлова потоа гостуваше кај Карбовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
Бугарија не сака да ѝ дава повеќе…
Европа мора активно да учествува во преговорите…