Јорданов прогласи кризна состојба во делови од Штип: По 40 часа без вода, нов дефект ќе го продолжи прекинот за уште 24 часа
Жителите на повеќе населби во Штип ќе останат без вода повеќе од 24 часа поради нов дефект на главната водоводна линија, соопшти градоначалникот Иван Јорданов. Тој најави мобилизирање на сите расположливи ресурси за побрзо санирање на дефектот и обезбедување вода за засегнатите домаќинства.
Како што информира Јорданов, дефектот настанал на водоводна линија стара повеќе од 50 години, на која Јавното претпријатие „Исар“ во изминатите 40 часа изведувало работни активности. По нивното завршување и нормализирањето на водоснабдувањето, поради притисокот и застарената мрежа повторно дошло до оштетување.
„Дефинитивно имаме кризна состојба во одредени делови во нашиот град кои поради овој дефект ќе останат без вода повеќе од 24 часа“, изјави Јорданов, упатувајќи извинување до граѓаните погодени од прекинот.
Без вода ќе бидат жителите на населбите Три Чешми, Пребег, Ново Село, Исар, делови од населбата Сењак и населбата Осми Ноември.
Општината ќе организира снабдување со техничка вода преку цистерни, а до домаќинствата ќе биде доставувана и флаширана вода за пиење. Во активностите ќе бидат вклучени јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица, дополнителни екипи и волонтери.
Јорданов најави дека цистерните ќе бидат распоредени на соодветни места, а јавноста ќе биде информирана преку социјалните мрежи и медиумите. Екипите ќе работат во текот на денот, со цел дефектот да биде саниран во доцните ноќни часови и водоснабдувањето да се стабилизира што е можно побрзо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јорданов прогласи кризна состојба во делови од…
Жителите на повеќе населби во Штип ќе…
Менувале оцени за пари – Поведена постапка…
Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против…
Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…
Штип денеска добива нов, современ спортски објект…
Повторно работи филтер-станицата во Штип
Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…