Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно го спречивме атентатот, вели Јанев за грчката телевизија „ЕРТ“

t

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ изјави дека тесната соработка со грчката полиција помогнала да се спречи планираниот терористички напад во Грција, зад кој, според истрагата, стоела иранска мрежа.

Тој откри дека цел на нападот биле луѓе и компании во поголемите грчки градови, вклучително и Атина.

„Досега успеавме да го спречиме сето ова благодарение на информациите што ги собравме и активностите што ги презедовме на територијата на нашата земја. Морам да кажам дека во изминатите две години, откако ја презедов функцијата директор на полицијата, изградивме силни и блиски врски, пред сè со началникот на грчката полиција, мојот драг пријател Димитрос Малиос“, изјави тој.

Јанев оцени дека доказите собрани во истрагата се доволни за покренување сериозни обвиненија против петтемина уапсени во Македонија.

Грчката државна телевизија објави и дека иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндашти се запознал со еден од уапсените во турски затвор. Токму оваа средба била почеток на регрутирањето други луѓе за планираниот напад.

Петтемина уапсени и претходно им биле познати на македонските полициски власти поради вмешаност во различни кривични случаи, главно поврзани со дрога. Четворица се во притвор, а петтиот е во куќен притвор. Во меѓувреме, македонските власти, во соработка со грчката Национална разузнавачка служба (ЕИП), трагаат по шестиот осомничен, кој избегал во странство.

Иранскиот државјанин Ендрис Маванех, според сомнежите на истражителите, имал централна улога во координирањето на планот. Наводно, тој ги користел контактите на Зиндашти за да пронајде платени убијци во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Мајка си го продала бебето во Грција,…

Две жени во Грција се соочуваат со…

Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…

Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…

Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…

Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…