Почна вакцинацијата на овците и козите против сипаници, ќе бидат опфатени над 438 илјади животни

t

Масовната вакцинација на овците и козите против болеста сипаници започна во Источниот плански регион, како дел од акцијата за спречување на ширењето на болеста и заштита на ситниот добиток во земјава.

Акцијата се спроведува согласно Решението за итна вакцинација, одобрено од Европската Унија, а на 19 ноември се финализира и првата фаза од дистрибуцијата на вакцините. Со тоа се создаваат услови за продолжување на вакцинацијата во Источниот, Вардарскиот, Југоисточниот и Североисточниот регион.

Вакцината е од турско потекло, а целата количина е обезбедена како донација од Европската Унија.

Според планот, со вакциналната кампања во осумте региони треба да бидат опфатени вкупно 3.417 стада со 438.042 животни.

Во првата фаза ќе се вакцинираат 1.859 стада со вкупно 193.527 животни во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион.

Втората фаза ќе ги опфати Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот регион, каде што се евидентирани 1.558 стада со 244.515 животни.

Предвидена е и трета фаза на дополнителна вакцинација, со цел да се постигне што поголем опфат на животните. Во неа ќе бидат вклучени јагниња и јариња кои ќе ја достигнат минималната возраст за вакцинација по завршувањето на првите две фази, како и животни кај кои вакцинацијата била привремено одложена поради здравствената состојба или ветеринарна проценка.

Дополнително, оваа фаза ќе ги опфати и фармите кои биле недостапни за време на почетната кампања, како и оние кај кои вакцинацијата била одложена поради сомнение за инфекција, доколку официјалниот ветеринар ја одобри постапката.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени клинички здрави овци и кози, како и јагниња и јариња што ја достигнале минималната возраст за имунизација. Бремените и болните животни, како и другите категории за кои е потребен посебен третман, ќе се вакцинираат согласно упатството за употреба на вакцината и ветеринарната проценка.

Вакцинацијата е една од клучните мерки за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино повторно појавување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за…

Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил…

Мечка усмртила 10 овци во тетовско село

Мечка усмртила 10 овци во импровизирана штала…

Косово привремено забрани увоз на овци и…

Привремено е забранет увозот во Косово на…

Србија е единствената земја во регионот која…

Според податоците на Организацијата за храна и…