Костовски: Нема да отстапам од борбата против криминалот и урбаната мафија, Бутел нема да биде партнер со криминалци
Борбата со бандити не е меѓуетничка борба. Криминалот не познава нации, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Тој порача дека нема да отстапи од борбата против криминалот и урбаната мафија, обвинувајќи одредени политички партии дека се под влијание на криминални структури кои се обидуваат неговите активности да ги претстават како меѓуетничка пресметка.
Костовски тврди дека неговата борба е насочена против сите што го нарушуваат јавниот интерес и зелените површини ги гледаат како можност за изградба на нови објекти за лична корист. Тој нагласи дека притисоците нема да го поколебаат и дека ќе продолжи со истата политика во текот на целиот мандат.
„Не може општината да биде партнер со криминалци, со бандити. Имаше една таква жална епизода, таа е поминатa. И во таа смисла, еве еден мој јавен апел: колку и да овие бандити, оваа урбана мафија се крие зад политички партии и каков притисок и да прави, додека сум јас градоначалник на Општина Бутел, простор за криминалци, бандити и сите оние коишто им мислат лошо на Општина Бутел нема“, вели во видео-обраќање до граѓаните градоначалникот Коствоски.
-Продолжуваме посилно, со поголема динамика и со проекти кои општина Бутел ќе ја направат најубаво место за живеење во Скопје, порача Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костовски: Нема да отстапам од борбата против…
Борбата со бандити не е меѓуетничка борба.…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…
Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…
МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…
Млад човек починал откако паднал од познатата…
Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…
Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…
Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…