Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони за помагање при извршување на кривично дело? Обвинителот проверува дали има можност за проширување на обвинението
Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија за евентуално проширување на истрагата и кривична пријава за помагање при извршување на кривично дело и за таткото на Кристијан Корабоски, потврдија од ОЈО во разговор со Инфомакс.
Моментално се работи на прибирање на докази, по што ќе се оцени дали и таткото ќе добие кривична пријава, велат од Обвинителството.
Инфомакс претходно објави за грозоморниот случај во Охрид, каде девојка беше претепана и исфрлена на улица во бесознание. Во притвор во Затворот во Охрид моментално се наоѓа Кристијан Корабоски, кој се товари за три кривични дела, тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Семејството на девојката претходно на социјалните мрежи сподели информации дека откако Кристијан ја претепал, ја возел во кола додека во алкохолизирана состојба го барал неговиот татко за да ги собере пријателите и да се ослободат од девојката, мислејќи дека е мртва.
Во објава на социјалните мрежи мајката на девојчето открива дека насилникот барал нож за „да ја докрајчи“, а за целиот настан има и сведоци кои одбиле да ѝ помогнат додека Сара барала помош.
– Посебно загрижувачки се и постапките на лицата од неговото опкружување, кои одбивале да ја однесат во болница, иако таа самата ги молела за помош. Наместо да покажат минимум човечност и да ѝ помогнат на повредена девојка, тие одбиле да реагираат.
Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.
Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица.
До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства? – стои во објавата на мајката.
Девојката моментално е на домашно лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони…
Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…