Објавено на:

Трамп им се јави на европските лидери собрани во Берлин од својот авион: Познато е што кажа

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон од претседателскиот авион „Ер форс 1“ (Air Force One) се вклучи на состанокот на европските лидери во Берлин посветен на Украина, а на кој учествуваше и македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, само неколку часа откако во Кина се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Според „Политико“, кој се повикува на четворица европски функционери запознаени со дискусијата, Трамп за време на разговорот остро го довел во прашање продолжувањето на европската воена помош за Украина.

Трамп им рекол на европските лидери дека Путин е сериозен во врска со мировните преговори за Украина.

Според тројца функционери кои разговарале со „Политико“ под услов да останат анонимни, американскиот претседател изразил цврсто противење на натамошното издвојување милијарди евра воена помош за Киев.

Два извори неговите зборови ги опишаа како остра тирада против натамошното финансирање на Украина, додека трет извор понуди поблаг опис, наведувајќи дека Трамп зборувал за значителните заштеди што би можеле да се постигнат со завршување на војната.

Германската новинска агенција ДПА (dpa) објави дополнителни детали за необичното учество на Трамп на состанокот во Берлин. Според информации од присутните, Трамп од својот авион му се јавил на својот зет и специјален пратеник, Џаред Кушнер, кој присуствувал на состанокот. Кушнер го вклучил звучникот на својот мобилен телефон, а звукот дополнително бил засилен преку микрофон, така што и останатите учесници можеле да го слушнат американскиот претседател.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето на „Политико“ за коментар во врска со содржината на разговорот.

Претставници од околу 40 земји денеска се собраа во Берлин на најголемиот состанок досега на таканаречената „Коалиција на подготвените“ (Coalition of the Willing) – група држави кои се залагаат за обезбедување долгорочна воена и безбедносна поддршка за Украина.

Состанокот беше организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц. Меѓу учесниците беа францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници од други европски земји. САД ги претставуваа специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Европските сојузници сакаа да дознаат за што Трамп разговарал со Путин и Си во Шенџен, Кина, и дали Вашингтон би ги поддржал нивните планови за безбедносни гаранции за Украина во случај на прекин на огнот.

По средбата, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа нема да се согласи на каков било мировен договор за Украина што би бил договорен без учество на Киев и на европските земји.

„Преговорите можат да бидат успешни само ако Украина и Европа заедно учествуваат во процесот. Формат во стилот на Јалта нема да донесе мир“, рече Мерц, алудирајќи на конференцијата од 1945 година, на која САД, Советскиот Сојуз и Велика Британија го договараа повоеното уредување на Европа.

Мерц нагласи дека европските држави ќе продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно. Тој средбата меѓу Трамп, Путин и Си во Кина ја опиша првенствено како можност за фотографирање – за разлика од средбата во Берлин, каде што, како што истакна тој, се разговарало за конкретни мерки за помош на Украина.

Учеството на Трамп на средбата во Берлин уследи по историскиот трилатерален самит во Шенџен, Кина. Таму, американскиот претседател го нарече Путин пријател, а тројцата лидери разговараа за војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност.

И покрај големите очекувања, средбата не доведе до никаков конкретен напредок кон ставање крај на војната во Украина. Во заедничката декларација, трите земји најавија дека ќе продолжат со дијалогот за намалување на нуклеарните ризици, реформирање на Обединетите нации и зголемување на понудата на нафтени деривати.

Европските лидери се загрижени дека Трамп би можел да се обиде да постигне договор со Путин без нивно учество, особено во однос на иднината на Украина и безбедносниот поредок во Европа.

Токму затоа, денешните критики на Трамп, насочени кон континуираната европска воена помош за Киев, имаат толку голема тежина. Во последните месеци, европските нации го презедоа најголемиот дел од финансирањето на одбраната на Украина, по значителното намалување на директната помош од САД за време на администрацијата на Трамп.

Сè уште не е познато дали Трамп, за време на телефонскиот разговор, поставил конкретни барања пред своите европски сојузници, или пак навестил промена во политиката на САД кон Украина.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Поврзани Артикли:доналд трампхристијан мицкоски
СледноВечерва и утре силен ветер со брзина од над 80 километри на час
ПретходноСиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата амбасадорка на Естонија, Јана Ванамолдер
Би можело да ве интересира и…
(Видео) Мицкоски на иста маса со Стив Виткоф и Џаред Кушнер: Ова ќе биде тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен мир во Украина

(Видео) Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Најново
Свет5 минутиКушнер за Украина: САД се подготвени да понудат гаранции слични на оние на НАТО

Регион17 минутиХрватска ги запира преговорите на Црна Гора за пристапување кон ЕУ, откриени барањата на Загреб

Забава34 минутиМагнезиумот е застапен во изобилство во овие намирници: Вклучете ги во вашата секојдневна исхрана

Свет50 минутиМакрон: Мораме повторно да го отвориме прашањето за членството на Украина во НАТО

Македонија1 часВечерва и утре силен ветер со брзина од над 80 километри на час

Свет1 часТрамп им се јави на европските лидери собрани во Берлин од својот авион: Познато е што кажал

Македонија2 часаСиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата амбасадорка на Естонија, Јана Ванамолдер

Македонија2 часа(Видео) Мицкоски на иста маса со Стив Виткоф и Џаред Кушнер: Ова ќе биде тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија

Свет2 часа(Видео) Погодена амбасадата на Холандија во руски напад во Киев
МАКФАКС
RSS Маркетинг Импресум Контакт Услови за користење
Copyright © 2026 – Member of IAB Macedonia

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп им се јави на европските лидери…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…

Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…

„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…

„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…

Белата куќа побарала од Пентагон и од…

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…