Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има и паднати дрвја

t

Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална штета во западните делови од Македонија. Како што информира „Македонија пат“, на клучката на влезот во Гостивар паднал семафорот и една канделабра, а на патот на повеќе места има паднати дрвја на коловозот.

Станува збор за семафорот на влезот во Гостивар откај Здуње, на кој се создаваат познатите колони од автомобили со туристи на пат од и кон Охрид во летните месеци.

Екипите на јавното претпријатие „Македонијапат“ работат на расчистување на патиштата.

Паднато дрво имало и на патниот правец Скопје-Тетово пред Карпалак, како и на регионалниот, „стариот“ пат меѓу Тетово и Скопје.

АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодуваат брзината кон условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните знаци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…

Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Малолетник натепан од мајка му и сестра…

Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…

Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…