Септемвриската просечна плата е 49.141 денар

t

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември достигна 49.141 денар и е поголема за дури 8,1 процент во однос на ланскиот септември.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10 %.“, извести ДЗС.

Мало зголемување од 0,8 проценти има и на месечно ниво, септември во однос на август.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6 проценти, во преработувачка индустрија за 3 проценти и во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5 проценти, анализра ДЗС.

Највисока просечна плата во септември имало во секторот Информации и комуникации- 88.787 денари, а најниска во секторто Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 35.447 денари.

Просечната бруто-плата во септември достигна 73.940 денари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…