Лукаревска за 25 ноември го закажа продолжението на надзорната расправа во Собранието за Алта банка

t

Надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет во врска со Алта банка АД Битола, која почна на 11 ноември и по целодневна дискусија беше прекината на неодредено време, ќе продолжи в среда (25 ноември 2026 г).

Ова може да се види во материјалите на веб-страницата на законодавниот дом, меѓи кои е известувањето на претседателката на надлежната собраниска Комисија, пратеничката од редовите на опозицискиот СДСМ, Сања Лукаревска. Известувањето, според печатот на документот, е со вчерашен датум (19 ноември), кога е заверено во собраниската архива.

„Ве известувам дека првото продолжение на надзорната расправа на Комисијата за финансирање и буџет на тема: ‘Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност’ ќе се одржи на 25 ноември (среда) 2026 година, со почеток од 11:00 часот во сала ‘Борис Трајковски’ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија“пишува во известувањето за продолжението на надзорната расправа.

Седницата, според наведеното, е предвидено да продолжи со сослушувањето на преостанатите повикани сведоци, а точната агенда и листата на учесници, се додава во известувањето, дополнително ќе бидат доставени.

Закажувањето на продолжението доаѓа по, условно кажано, бурниот прв ден (11 ноември) од расправата кој помина во знакот на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата, кои провејуваа и во прашањата што пратениците од двата табори ги упатуваа до претставниците на институциите кои имаат ингеренции во врска со случувањата со Алта банка АД Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска за 25 ноември го закажа продолжението…

Надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање…

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Новиот состав на српското Собрание денеска на…

Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…