По секоја пријава за семејно насилство, МВР веднаш ќе го известува Обвинителството
Побрза реакција на институциите, навремена заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите се главните цели на новите мерки договорени меѓу Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика.
На работен состанок во Јавното обвинителство, јавниот обвинител Ненад Савески, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски договориле конкретни чекори за итно и координирано постапување во случаите на семејно насилство.
Според договорениот протокол, МВР веднаш по приемот на секоја пријава ќе го известува надлежното јавно обвинителство. Јавниот обвинител ќе ја координира работата на тим составен од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа.
LANDOV Митовски пренесува сведоштво за жена што починала од срцев удар по напад од добиток
Предвидено е итно обезбедување вештачења за евентуалните повреди, процена на ризикот и прибирање докази, со цел побрзо донесување обвинителски одлуки и покренување постапки против сторителите.
Дополнително, трите институции ќе определат контакт-лица кои постојано ќе бидат достапни за меѓусебна комуникација, координација и давање итни насоки. Постапувањето ќе се одвива според стандардизирани процедури, со јасно утврдени надлежности и одговорности.
Од институциите очекуваат дека со зајакнувањето на меѓусебната соработка ќе се овозможи побрзо постапување во секој случај, навремена заштита и згрижување на жртвите, како и поефикасно процесуирање на сторителите пред надлежните судови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По секоја пријава за семејно насилство, МВР…
Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…
Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…
Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…
Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…
Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…
Познатиот доктор го даде рецептот за долг…
Умерениот внес на витамини може да помогне…