Човек од Косово лажел дека има леукемија, собрал над 190.000 евра донации

t

Полицијата во Косово во саботата уапси човек кој лажел дека боледува од леукемија за да собере пари за лекување во странство. Ендрит Аземи е осомничен дека преку хуманитарна кампања собрал повеќе од 190.000 евра, а Основниот суд во Гњилане му одреди едномесечен притвор, објави „Газета експрес“.

Од собраната сума, повеќе од 160.000 евра биле донирани преку платформата „ГоуФандМи“ („GoFundMe“), а над 26.000 евра биле собрани од граѓани на улиците во центарот на Гнилане. Истражителите се сомневаат дека во собирањето на парите му помагале и членови на семејството.

Неговите блиски тврдат дека и самите верувале оти Ендрит навистина има леукемија. Неговиот брат, Гзим Аземи, изјавил дека видел медицински документи со печати и со податоци за терапиите за кои Ендрит тврдел дека ги примал.

Според Гзим, започнало враќањето на донациите собрани преку „ГоуФандМи“, додека парите собрани во Гнилане се блокирани од полицијата. Тој ги повикал сите што донирале и сакаат да си ги вратат парите да се обратат во полиција.

По објавувањето на случајот, семејството на Аземи тврди дека се соочило со навреди и со закани од граѓани. Поради тоа, побарале помош од косовската полиција, нагласувајќи дека не знаеле дека станува збор за наводна измама.

Според обвинителството, Аземи на 9 ноември измислил дека боледува од акутна леукемија со намера да оствари противправна имотна корист. Потоа отворил кампања на „ГоуФандМи“ и собирал пари во Косово и меѓу дијаспората, тврдејќи дека донациите ќе ги искористи за лекување и за рехабилитација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек од Косово лажел дека има леукемија,…

Полицијата во Косово во саботата уапси човек…

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…