Почина Миќо Стојановски, претседател на СРСВМ
ИН МЕМОРИАМ
Со длабока тага ја примивме веста дека по кратко боледување нè напушти Миќо Стојановски, претседател на СРСВМ, долгогодишен синдикалец и искрен борец за работничките права.
Миќо Стојановски остави зад себе долгогодишен синдикален ангажман, посветеност и придонес во борбата за заштита и унапредување на работничките права и интереси.
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, блиските, колегите и сите синдикалци кои го познаваа и соработуваа со него.
Неговата посветеност на синдикалната борба и работничките права ќе остане трајно врежана во нашето сеќавање.
Вечна му слава и почит!