Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко и внук во семејниот двор

t

Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук во дворот на нивниот семеен дом во албанскиот град Фиер, а потоа побегнале со автомобил. Чичкото, Селами Хасани, познат и под прекарот „Сел Чами“, починал на местото на нападот, а неговиот 47-годишен внук Јакуп Хасани подоцна им подлегнал на повредите во болница, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата трага по сторителите, а во селото Дерменас пронашла запалено возило за кое се сомнева дека го користеле напаѓачите.

Селами Хасани имал криминално досие и бил осуден на 25 години затвор за убиството на Јулијан Исуафај, внук на Арбен Исуафај, кој важел за една од влијателните фигури во криминалното подземје во Фиер.

Според медиумските информации, Селами Хасани бил пуштен од затвор само една недела пред да биде убиен, откако отслужил 11 години од казната.

Истражителите проверуваат дали убиството е поврзано со стари пресметки меѓу ривалски криминални групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…

Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…

Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…

Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…

42 годишна жена од Македонија загина во…

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…