Цигарите треба да станат „изгор“ скапи, загрижува што младите и наставниците пушат пред училиштата, вели д-р Аким Али од СЗО

t

Цигарите треба да станат скапи и недостапни за граѓаните, со високи акцизи, непушачите да не се изложени на чадот, да се сфати дека пушењето не е животен стил туку зависност и младите да немаат достапност до цигарите. Овие четири мерки според претставникот на Светската здравствена организација во Македонија доктор Аким Али, се клучни и даваат ефект во светски рамки за заштита од пушењето.

Во Македонија според најновата анкета со 1.065 испитаници што ја направи „Аналитика“ секој втор возрасен граѓанин пуши. Ако на ова се додадат електронските цигари и производите со загреан тутун 54 проценти од луѓето во Македонија пушат.

– Луѓето треба да застанат пред да посегнат по паричникот за да купат цигари. Тоа е прва мерка. Второ, многу важно. Луѓето што не пушат не треба да се изложени на чадот. Бескомпромисно. И во Северна Македонија можеме да стигнеме до тоа ниво зашто сме биле таму и претходно. Има закон во Собранието. Трето, пушењето не е избор на животен стил, воопшто. Пушењето е зависност. Младите воопшто не треба да се изложени на чадот од цигарите. Кога поминувам покрај училиштата и гледам како млади и наставниците пушат пред училиштата, многу сум загрижен. Овие четири работи ако ги направиме, ќе имаме напредок и прогрес – одговори доктор Аким Али, претставник на Светската здравствена организација.

Тој рече дека многу се јасни доказите дека пушењето е штетно по здравјето.

– Последиците се рак, срцеви и мозочни удари, но пушењето има влијание врз младите за долгорочното здравје. Во Северна Македонија вистина е дека голем процент од возрасните пушат, повисок процент од многу делови на Европа. Владата е многу загрижена за ова. Проблемот со пушењето не е само во здравствениот сектор. Да, предизвикува болести но предизвикува и огромна загуба на продуктивноста во земјата. Знам многумина ќе речат дека добиваме приход од акцизи на тутунот. Можеби државата заработува 11-18 милијарди денари годишно, но цената на последиците од пушењето чини повеќе од 38 милијарди денари годишно. Ако не бидеме внимателни, ќе изградиме генерации што ќе бидат зависни од цигари. Имаме многу млади што користат цигари и производи со тутун во земјата. Многу е загрижувачки тоа што многу од возрасните експериментираат со нови производи со тутун и мислам дека тоа не треба да го игнорираме зашто тогаш ќе завршиме со нова генерација пушачи што ќе ја чинат државата големи суми пари – додаде доктор Али.

Тој го охрабри Собранието да го изгласа законот за заштита од пушењето кој е во собраниска процедура и рече дека треба да се зајакнат услугите за откажување од пушење.

– Пушачите не се повредуваат себеси во смисла на здравјето и економски, туку нè повредуваат сите нас. Точно е дека 6 од 10 од нас кога ќе излеземе на вечера или на пијалак сме изложени на чад од цигари. Тоа што загрижува е што дури и овој чад штети на здравјето – рече претставникот на СЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи, загрижува…

Цигарите треба да станат скапи и недостапни…

СЗО: За четири години никаде во светот…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека…

СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…

СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…

Европа би можела да биде погодена од…

Горештините се закана по јавното здравје и…

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…