Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена – Борец“ се одвива со силна динамика

t

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на Паркот на жената борец.

– Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори вечниот оган.

– Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена –…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска…

Украински новинар тврди дека Украина подготвува копнена…

Украинскиот новинар и аналитичар Сергеј Пављученко тврди…

Високите трошоци за живот и протестите во…

Европратениците повикаа на итни мерки за справување…

Синот на Кадиров добил српско државјанство под…

Деветнаесетгодишниот Али Кадиров, син на чеченскиот лидер…

Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот…

Триесет и осумгодишен жител на Кичево е…