Објавено на:

„Енвидија“ го врати Хуанг на работа по скандалот – тој сега признава и други вонбрачни афери – акциите на компанијата паднаа за повеќе од 5%

t

Џенсен Хуанг се врати на чело на „Енвидија“, само 11 дена откако поднесе оставка поради скандал поврзан со вонбрачни афери – вклучително и една со жена осомничена за шпионажа во корист на Кина. По интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, акциите на Nvidia вчера скокнаа за 31,5%, зголемувајќи ја вредноста на компанијата за речиси еден трилион долари.

Сепак, денес се појави нов пресврт. Акциите на „Енвидија“ паднаа за повеќе од 5% по отворањето на Волстрит, додека технолошкиот индекс Nasdaq забележа пад од 1,8%. Во меѓувреме, се засилуваат политичките критики за враќањето на Хуанг, а „Волстрит журнал“ објави дека, пред повторното именување, тој пред Одборот на директори признал постоење на дополнителни вонбрачни афери.

Брзата изградба на центри за податоци (data centers) наменети за вештачка интелигенција би можела дополнително да го влоши недостигот на станбен простор во САД, бидејќи сè поголем број градежни работници се префрлаат на подобро платени работни места поврзани со развојот на технолошката инфраструктура.

Според проценките на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics), во десетте американски сојузни држави со најголеми инвестиции во центри за податоци, секторот за станбена изградба можел да вработи до 45.000 работници повеќе, доколку трендовите на вработување го следеле образецот присутен во остатокот од земјата.

„Се чини дека проектите за изградба на центри за податоци го поттикнуваат растот на платите“, изјави Метју Мартин, виш економист за САД во „Оксворд економикс“. „Со оглед на тоа што побарувачката за центри за податоци не покажува знаци на забавување, зголемувањето на јазот во платите може да им отежне на градежните компании што градат станови и куќи да се натпреваруваат за работна сила“, додаде Мартин.

Акциите на американските технолошки компании повторно паѓаат по отворањето на „Волстрит“.

„Енвидија“ изгуби повеќе од 5% по вчерашниот скок од 31%, додека акциите на Anthropic паднаа за речиси 8%, пренесува Џејмс Силарс, деловен репортер на „Скај њуз“. Вчерашното неочекувано враќање на Џенсен Хуанг на чело на „Енвидија“ ѝ врати на компанијата речиси еден трилион долари пазарна вредност и поттикна силен раст на акциите поврзани со вештачката интелигенција.

Сепак, инвеститорите денес очигледно го преиспитуваат вчерашниот раст. Хуанг и понатаму се соочува со истраги од страна на регулаторните тела и Конгресот, а во Вашингтон се засилуваат критиките во врска со улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во неговото враќање.

„Антропик“ падна под цената по која излезе на берзата.

Акциите на „Антропик“ паднаа за речиси 8%, на нешто помалку од 81 долар. Со тоа, тие за првпат паднаа под цената од 83 долари, по која компанијата излезе на берзата минатата недела.

По ветувачкиот прв ден на тргување, „Антропик“ се соочува со пад на вредноста на своите акции, делумно поради големите осцилации на пазарот кај компаниите поврзани со вештачката интелигенција.

Технолошкиот индекс „Nasdaq Composite“ денес забележа пад од 1,8%, откако вчера порасна за 6,5%, поттикнат од растот на „Енвидија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Енвидија“ го врати Хуанг на работа по…

Џенсен Хуанг се врати на чело на…

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со…

Европската комисија предупреди дека Бугарија би можела…

Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин…

Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин…

Клековски најави реформи во Брзата помош: Централен…

Формирање самостоен Центар за итна медицинска помош…

Продолжува специјалната војна: Бугарите сега тврдат дека…

Министерството за внатрешни работи презело мерки против…