Објавено на:

Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

t

Претставници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп интерно дискутираат дали американската војска треба да размисли за насочени ликвидации на иранските тврдокорни лидери. Ова го изјавија еден американски функционер и уште едно лице запознаено со разговорите, кои дадоа изјави денеска.

Тие за телевизијата NBC изјавија дека некои во администрацијата на Трамп сметаат оти ваквиот потег би можел да го стави крај на конфликтот меѓу САД и Иран, додека оние што се противат на таквите операции тврдат дека тоа би ги изложило американските претставници на поголем ризик од одмазда од страна на Техеран.

Според претставници од администрацијата на Трамп кои го поддржуваат предлогот за елиминирање на иранските тврдокорни лидери, таквата операција би испратила јасна порака до остатокот од иранскиот режим дека САД се способни да ги лоцираат и ликвидираат неговите лидери во секое време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз…

Претставници во администрацијата на американскиот претседател Доналд…

Сиљановска Давкова ќе присуствува на надзорната расправа…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе присуствува на…

Руте: НАТО е подготвен да ја брани…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

ЕЦБ најверојатно ќе ги зголеми каматите во…

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги…

Путин ѝ се закани на Украина со…

Претседателот на Русија Владимир Путин, денеска се…