Кривопаланчани, во сабота, на нов протест против кравите

t

Во сабота, 28 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на магистралниот пат кај Градечки мост, (спроти Градскиот парк ), во Крива Паланка, ќе се одржи вториот мирен граѓански протест со барање за итно и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

Граѓаните бараат конкретно постапување од надлежните институции, спроведување на законот и заштита на нивната безбедност и имот.

„Пораката е недвосмислена: потребни се дела, јасни рокови и резултати. Протестот е повик за одговорност и итни мерки со кои ќе се стави крај на опасностите, штетите и неизвесноста со кои се соочуваат жителите“, се вели во повикот.

Проблемот кој трае со години, повторно ескалира. Пред неколку дена, сопствениците, таткото и двете ќерки, на дел од добитокот, нападнаа жена која сакала да ги избрка кравите од својот имот, при што ногата и беше скршена.

Претходно, градоначалникот на Општина Крива Паланка, ги повика централните власти да преземат мерки за решавање на состојбата и бараше прогласување кризна состојба од 30 дена. покрај состанокот што го имаа, кризна состојба не беше прогласена, а Агенцијата за храна и ветеринарство залови 96 крави.

Но, сепак, со оглед на тоа што нивната бројка се движи околу 1.000, проблемот е далеку од надминат.

Дел од сточарите низ Македонија почнаа да нудат да сместат по 10-20 крави кај себе, но тоа останува на индивидуална добра волја, а правните норми кои и би довеле до разместување на кравите низ цела Македонија, не го регулираат начинот, или пак тоа, сепак, би одело многу споро.

Против сопствениците на добитокот има над 100 пријави, Општина Крива Паланка поднесе кривични пријави поради непостапување по решенија за одземање на животните, а граѓаните одржаа протест барајќи спроведување на законот.

Добитокот слободно шета по падините на околните планини, навлегува во нивите на луѓето, ја јаде и гази зелката, а последно крави се шетаа и во дворот на училиштата.

Министерството за земјоделство, пред неколку дена, по состанокот со градоначалникот на Крива Паланка и претставници од другите надлежни институции, најави прес-конференција, која потоа ја откажа.

Според локалното население, проблемот трае повеќе од 15 години, а бараат решение што ќе ги заштити и нивните имоти и самиот добиток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

ССМ повикува на масовен протест на 1…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…

Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…