Македонија остана без селектор, Седлоски и ФФМ го раскинаа договорот
Македонската фудбалска сениорска репрезентација ќе добие нов предводник откако попладнево од Куќата на фудбалот соопштија дека постигнале договор за предвремен раскин на соработката со Гоце Седлоски.
Македонија под водство на Седлоски одигра лошо во Лигата на нации без притоа да освои ни бод, а под водство на поранешниот капитен на Македонија постигна само еден гол.
Од ФФМ побараа разбирање за донесената одлука, а на Седлоски му се заблагодарија за посветеноста и професионалниот однос.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението на ФФМ:
Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.
Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал.
Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал.
ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен.
Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија остана без селектор, Седлоски и ФФМ…
Македонската фудбалска сениорска репрезентација ќе добие нов…
Филипче: Не сум пион на Заев, никој…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Ноќно…
(Видео) Тешка несреќа во близина на Каиро:…
Најмалку 30 лица загинаа, а 15 се…
(Видео) Се враќа ли во политиката: Заев,…
Зоран Заев, Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи…
Филипче: Правевме модуларни болници за луѓето да…
Претседателот на СДСМ и поранешен министер за…