(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон дер Лајен и Кос: Очекуваме 10 отсто повеќе средства за Реформската агенда

t

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за Реформската агенда да се зголеми за 10 отсто во однос на досегашните 750 милиони евра. Тој го соопшти тоа во објава на Фејсбук по работниот состанок со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Според Мицкоски, на средбата се разговарало за проширувањето на Европската Унија, Планот за раст и спроведувањето на Реформската агенда. Дел од разговорите биле посветени на веќе спроведените реформи и нивните придобивки, како и на можноста за дополнување на финансискиот пакет.

Премиерот порача дека Македонија ќе продолжи со реализација на проектите предвидени во Реформската агенда и изрази очекување земјата повторно да биде меѓу најуспешните во нејзиното спроведување.

Ако се одобри зголемувањето од 10 отсто, пакетот би се зголемил за 75 милиони евра, на вкупно 825 милиони евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…

„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…

„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…

Со остри критики кон институциите и барања…