Ким Јонг-ун најави поголемо производство на нуклеарно оружје по понудата на Трамп за средба
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун посети објекти за производство на нуклеарни материјали и повика на изградба на дополнително нуклеарно оружје. Пораката дојде неколку дена откако Пјонгјанг јавно не одговори на понудата на американскиот претседател Доналд Трамп за средба за време на неговата неодамнешна посета на Азија, пренесе „Њујорк тајмс“.
Изјавата на Ким повторно покажува дека Северна Кореја нема намера да се откаже од својата нуклеарна програма, што е клучен дел од нејзиниот систем на владеење и статусот што сака да го задржи како нуклеарна сила.
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави денеска дека Ким посетил две фабрики за производство на нуклеарни материјали, од кои едната неодамна е отворена, а другата се проширува. Фотографиите на КЦНА ги прикажуваат Ким и високи воени функционери меѓу густи редови од она што изгледа како центрифуги за производство на ураниум за оружје, како и сали каде што се изложени предмети за кои се верува дека се боеви глави.
КЦНА наведува дека Ким во среда посетил база за производство на опрема на нуклеарен погон и институт за нуклеарни истражувања. Локацијата на фабриките што ги посетил не беше откриена, а Северна Кореја неколку пати од 2010 година покажа објекти за збогатување ураниум, вклучувајќи го и комплексот Јонгбјон.
Ким рече дека посетата е дел од напорите за зајакнување на одбранбените капацитети поради „менувањето на нуклеарните закани што се приближуваат кон Корејскиот Полуостров од момент во момент“. Тој, исто така, ги обвини САД дека ги охрабруваат регионалните сојузници да поседуваат подморници на нуклеарен погон и да споделуваат нуклеарно оружје со нив.
„Валидноста и реалноста на нашето поседување нуклеарно оружје и трендот на зајакнување на нуклеарните капацитети по квалитет и квантитет е неповратна реалност“, рече Ким, според KЦНA.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека ги сфаќа сериозно коментарите на Ким за тактичкото нуклеарно оружје и дека Сеул, во сојуз со САД, одржува силна воена подготвеност против нуклеарните закани на Пјонгјанг. Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп го отфрли тврдењето дека Ким го игнорирал, велејќи дека „ќе дојде време“ за нивниот состанок
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Јонг Ун: Северна Кореја ќе ѝ…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на…
(Фото) Опасната сестра на Ким го придружува…
На сликата се гледа како сестрата на…
Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…