ЕУ предлага санкции за една банка и три компании од Србија поради сомневања за помагање на Русија во заобиколување на санкциите
Европската комисија предложила воведување санкции за една банка и три компании од Србија поради сомневања дека помагаат во заобиколување на санкциите на Европската Унија против Русија.
На списокот се АПИ банка, чиј сопственик е Андреј Шљаховој, како и приватните компании „СИК Иновации“, „P.E.C.S.“ и „ГИГАНТ 2019“, покажуваат документите и придружните анекси во кои увид имала Радио Слободна Европа (РСЕ).
Предлогот на 25 ноември бил доставен до земјите членки на Европската Унија во рамките на подготовките за усвојување на 22. пакет санкции против Москва.
Европската комисија ја вклучила АПИ банка меѓу финансиските институции за кои смета дека преку обезбедување платежни услуги или услуги поврзани со криптоактиви овозможуваат Русија да ги заобиколува западните санкции.
Предложените мерки се дел од напорите на ЕУ за спречување на заобиколувањето на санкцискиот режим и ограничување на финансиските и економските канали преку кои Русија би можела да продолжи да ги финансира своите активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…
Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…
Не треба да се мешаат билатералните прашања…
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…