(Видео) Без индустрија нема развој, ниту задржување на младите во земјата

t

Бојан Ѓорѓиевски смета дека Македонија не може да го задржи населението и да обезбеди економски развој без индустријализација. Според него, потребно е да има индустрија која ќе отвора работни места, ќе создава економска активност и ќе им овозможи на луѓето да останат и да градат иднина во земјата.

„Без индустријализација вие не можете прво да го задржите народот тука. Мора да има индустрија“, посочува Ѓорѓиевски, додавајќи дека и земјоделството треба да се развива како индустрија, а не да се сведува на мали, расцепкани и недоволно организирани производствени активности.

Тој нагласува дека индустриското производство е неопходно и за да може населението да има пристап до доволни количества храна по прифатливи цени. Органското производство има свое место, но не може само да ги задоволи потребите на населението и да обезбеди достапна храна за сите.

Според Ѓорѓиевски, земјоделството не може да се развива изолирано од другите индустриски гранки. Потребна е поврзаност меѓу земјоделството, сточарството, прехранбената и тешката индустрија, бидејќи сите тие сектори зависат еден од друг.

Неговата порака е дека Македонија мора да создава производствена економија, со индустрија и модерно земјоделство, доколку сака да обезбеди работни места, да ги задржи младите и да има сопствен капацитет за производство на храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Без индустрија нема развој, ниту задржување…

Бојан Ѓорѓиевски смета дека Македонија не може…

(Видео) Свињарството покажува дека македонското земјоделство може…

Бојан Ѓорѓиевски, претседател на здружението на производители…

Македонија произведува повеќе со помалку земјоделско земјиште…

Во изминатите десет години земјоделските површини во…

Вработени во Националниот музеј во Сараево печеле…

Лицето Ј.В. доби казна од 200 конвертибилни…

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони…

Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови…