МПЦ-ОА ќе ги обучува свештениците да препознаваат жртви на семејно насилство

t

Свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе се обучуваат како навреме да ги препознаат жртвите на насилство, како да постапат кога некој ќе им се довери и како да го упатат до институциите што можат да му обезбедат стручна помош и заштита.

Потребата од дополнителна и континуирана едукација на свештенството беше посочена на денешната седница на Светиот архијерејски синод, на која владиците особено внимание посветија на семејното насилство и на насилството врз жените.

Црквата сака да даде конкретен придонес во борбата против овие општествени појави, а свештениците да бидат подобро подготвени да им помогнат на луѓето што ќе побараат поддршка од нив.

Од Синодот оценуваат дека свештенството и досега одговорно ја извршувало својата пастирска должност, но дека постои потреба од надградување на знаењата и вештините.

МПЦ-ОА остро го осуди и фемицидот како најсурова форма на насилство врз жените, нагласувајќи дека секое физичко и вербално насилство, вклучително и врсничкото насилство и насилството на социјалните мрежи, е спротивно на христијанските вредности.

Загрижени поради ширењето на омразата, гневот и нетрпеливоста во општеството, владиците изразија подготвеност за соработка со државните институции, другите верски заедници и организациите што работат на спречување на насилството.

Засега не се соопштува кога ќе почнат обуките на свештениците и кој ќе ги спроведува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МПЦ-ОА ќе ги обучува свештениците да препознаваат…

Свештениците на Македонската православна црква – Охридска…

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…

Хуманизмот е помагање на другиот и на…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…