Чупиќ за германска телевизија: Разочаран сум од Брисел бидејќи долго го толерираше Вучиќ, нема да воведуваме санкции кон Русија
Претседателот на Собранието на Србија, Александар Чупиќ, во интервју за германската телевизија ЗДФ изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија, истакнувајќи дека таквиот став е јасно наведен во изборната програма.
„Во изборната програма јасно ставивме до знаење дека нема да воведуваме санкции кон Русија. Верувам дека Европската Унија ја разбира нашата позиција“, рече Чупиќ.
Германската телевизија во својот прилог за политичките околности во Србија, еден месец по вонредните парламентарни избори, ги анализираше односите на Србија со Европската Унија и Русија, како и застојот во процесот на европските интеграции.
Особено беше укажано на енергетската зависност на Србија од руските енергенси, пред сè од нафтата и гасот, што се наведува како еден од факторите што влијаат врз политиката на Белград кон Москва.
Во интервјуто Чупиќ зборуваше и за европскиот пат на Србија, како и за односите меѓу Белград и Брисел.
„Вредностите како владеењето на правото и слободата на медиумите… сето тоа се темелни европски вредности, но нема да ги обновиме затоа што некој тоа го бара од нас заради интеграцијата во ЕУ, туку пред сè затоа што ние самите навистина го сакаме тоа“, заклучи Чупиќ.
Според наводите на германската телевизија, Чупиќ изразил разочарување од Европската Унија, оценувајќи дека Брисел предолго толерирал, како што рече, злоупотреба на власта од страна на Александар Вучиќ.
Говорејќи за европските вредности, тој истакна дека владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските принципи треба да бидат цели кон кои Србија ќе се стреми заради сопствените граѓани, а не само поради условите за пристапување во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ за германска телевизија: Разочаран сум од…
Претседателот на Собранието на Србија, Александар Чупиќ,…
Двајца Албанци обвинети за кражба на манжетни…
Судот на Велика Британија соопшти дека двајца…
Охриѓанец попладнево си го запалил станот, 8…
На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската…
Захарова:„Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
„ЖОЛТ КАРТОН“ ЗА БУГАРИЈА – ЕУ предупредува:…
Лидерите на 27-те земји-членки денеска се собираат…