Утре почнува судањето за нападот врз Сара: Корабоски ќе одговара за три кривични дела
Во Основниот суд во Охрид утре, со почеток во 11 часот, ќе започне судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за физичкиот напад врз неговата 26-годишна девојка С.Ѓ., која се здобила со тешки телесни повреди.
Судскиот процес ќе го води судијката Александра Поп Стефанија.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. На физичкиот напад му претходела расправија во домот на обвинетиот, која продолжила и во автомобилот.
Според полициските информации, Корабоски физички ја нападнал девојката, а насилството продолжило и откако го запрел автомобилот, при што таа изгубила свест.
Повредената девојка била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе обвинение против Корабоски за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
На обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Во рамките на судската постапка ќе се утврдуваат околностите под кои се случил нападот, како и кривичната одговорност на обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре почнува судањето за нападот врз Сара:…
Во Основниот суд во Охрид утре, со…
Мицкоски до Села: Во унитарна држава како…
Легитимитет во демократија, во унитарна држава дава…
Тошковски: Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе…
Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе можат…
Зголемување на платите во полицијата, нови униформи…
Министерот Панче Тошковски најавува реформи во Министерството…
Лавров: Европа се подготвува за војна
Западот ги откри своите вистински намери откако…