Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо – Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

На регионалниот состанок ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, како и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Според агендата, состанокот ќе се одржи веднаш по официјалниот пречек на лидерите и треба да трае околу час и половина.

Потоа е предвидена заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателите Пирц-Мусар и Милановиќ.

Сиљановска-Давкова ќе има билатерални средби со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ, Цвијановиќ, Беќировиќ и Филиповиќ, со претседателката на Косово, Широка-Пула, како и со вршителот на должноста претседател на Србија, Чупиќ.

Процесот Брдо – Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста. Покрај Македонија, Словени и Хрватска, во Процесот Брдо – Бриони учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги врзаа за столб и ги разнесоа…

Не станува збор за злосторство на терористичката…