Притвор до 30 дена за директорката на „Алта груп“ во Србија, вработена во „Алта банка“ во домашен притвор
Вишиот суд во Белград одреди притвор до 30 дена за Т.Б., директорка на компанијата „Алта груп“, додека на вработената на шалтер во „Алта банка“, Ј.П., ѝ е одреден домашен притвор.
Од судот денеска соопштија дека притворот за Т.Б. е одреден за да не влијае врз сведоци и за да се спречи во краток временски период да повтори кривично дело.
На осомничената Ј.П. ѝ е одредена мерка забрана за напуштање на станот со електронски надзор, односно носење електронска алка, со цел да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период.
Двете се осомничени за кривично дело злоупотреба на службената положба на одговорно лице со помагање.
Претходно, притвор беше одреден и за Дубравко М., брат на сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, кој исто така се наоѓа во притвор.
Дубравко М. се сомничи дека неовластено влегувал во трезорскиот депо на „Алта банка“, од каде незаконски изнесувал готовина во евра, а потоа парите му ги предавал на осомничениот сопственик на банката, Давор Мацура.
На Т.Б. ѝ се става на товар дека составувала и издавала налози до вработените во „Алта груп“ за изготвување и реализирање фиктивни налози за уплата на дневен промет, како и налози за уплата на пари на сметката на Давор Мацура со невистинита содржина и без покритие во готовина.
Врз основа на тие налози, Ј.П. вршела уплати на пари на сметката на компанијата „Алта груп“, по што средствата биле трансферирани на приватната сметка на Давор Мацура во „Алта банка“.
На овој начин, според сомнежите на истражните органи, на Давор Мацура му била прибавена противправна имотна корист во износ од 45.556.596.250 динари, на штета на „Алта банка“ и поврзаните правни лица.
Давор Мацура беше уапсен на почетокот на ноември, заедно со директорот на секторот за трезорско работење и управување со готовина во „Алта банка“, Г.М., и соработникот за трезорско работење во банката, И.П.
Мацура е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба на одговорно лице, додека останатите осомничени се товарат дека му помогнале во извршувањето на делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…