„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на своите протести
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“.
Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда.
Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во Скопје беа забележани поранешни политичари.
Учесниците на протестот изразија револт поради зачестеното насилство врз жени во земјава и фемицидите кои годинава одзедоа седум животи и барајќи од институциите да го запрат насилството.
Тие до институциите поставија шест барања и рок за нивно исполнување.
„Шест конкретни наредби до институциите! Каде е сега итната постапка? Најитно донесување на законските измени за заштита од насилство, особено на Законот за спречување и заштита на жените и семејното насилство, поднесени во Собранието на 26 август. Рокот ви е до 10 декември. Во спротивно, ќе го славиме Денот на човековите права на 10 декември пред Собранието“ – рече Анастасија Павловска од Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ниту една повеќе“ не сака политичари и…
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на…
Кравите од Крива Паланка ќе одат во…
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива…
(Видео) Додека вработениот бил на петочна молитва,…
Маскирани разбојници денеска, сред бел ден, влегоа…
По брзите кредити, кои веќе нема да…
По брзите кредити, на ред се банкарските…
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…