ДЕЈАН БОДИРОГА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА: Останува со студентите и ќе учествува во претседателската кампања

t

Легендарниот српски кошаркар и актуелен претседател на Евролигата, Дејан Бодирога, денеска поднесе оставка од функцијата народен пратеник во Собранието на Србија, каде што беше избран како кандидат на Студентската листа.

Неговата оставка ќе биде разгледана на седницата на надлежниот собраниски одбор, закажана за понеделник, 30 ноември.

Студентското движење соопшти дека Бодирога се повлекува од пратеничката функција поради бројните професионални обврски, кои не му дозволуваат целосно да се посвети на работата во парламентот.

Сепак, неговото повлекување од Собранието не значи и повлекување од политичкиот ангажман.

Бодирога ќе го поддржи академикот Радомир Саичиќ, кандидатот на студентите на претстојните претседателски избори во Србија, и активно ќе учествува во неговата изборна кампања.

Во своето обраќање Бодирога посочи дека уште при прифаќањето на кандидатурата ги известил студентите дека поради своите обврски нема да може целосно да се посвети на пратеничката работа.

Тој нагласи дека смета оти е одговорно да го отстапи местото на луѓе кои ќе можат да дадат поголем придонес во работата на парламентот и во исполнувањето на ветувањата дадени пред граѓаните.

Бодирога беше на високото 21. место на Студентската листа, а во изминатиот период неговото име се споменуваше и како можен кандидат за претседател на Србија, но и како потенцијален иден министер за спорт. Засега нема официјална потврда за евентуален министерски ангажман.

Покрај Бодирога, оставки од пратеничките функции поднесоа и Марко Кораќ од листата на Александар Вучиќ и Џенан Паламар од листата на Расим Љајиќ.

Бодирога важи за еден од најголемите европски кошаркари во историјата. Во својата кариера освои две светски и три европски првенства, три титули во Евролигата и сребрен олимписки медал во Атланта во 1996 година.

Од 2022 година ја извршува функцијата претседател на Евролигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕЈАН БОДИРОГА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА:…

Легендарниот српски кошаркар и актуелен претседател на…

Зеленски го нападна Трамп: Путин е агресор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето…

Светот се приближува кон нуклеарна војна, тврди…

Високиот руски дипломат кој е постојан претставник…

Сиљановска-Давкова од Охрид: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија не е само…

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Оспорувањето на…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Хрватска…