Објавено на:

Орбан ќе ги обединува националистите од цела Европа во нова организација

t

Поранешниот десничарски премиер на Унгарија, Виктор Орбан, формира нова истражувачка организација чија цел е да ги обедини „националните сили“ во Европа посветени на традиционалните вредности.

Со фондацијата „Про патрија интернешнл“ (Pro Patria International Foundation) ќе раководи европратеникот Балаш Орбан, член на партијата Фидес на Виктор Орбан и поранешен политички директор на екс-премиерот.

„Сакаме да ја поттикнеме дебатата за институционалните реформи во ЕУ“, изјави вчера Балаш Орбан за „Политико“.

Сепак, амбициите на новата организација се пошироки од оние на вообичаените истражувачки организации. Во објава на Фејсбук со која го најави формирањето на „Про патрија“, Балаш Орбан рече дека организацијата ќе поддржува отпор против она што тој го нарече „либерален авторитарен систем“ во Унгарија.

Финансирање од САД?
Според Балаш Орбан, веќе се собираат средства за новиот проект од унгарски и од меѓународни донатори. Тој додаде дека сè уште не знае дали „Про патрија“ ќе побара финансиска поддршка од Вашингтон.

Администрацијата на Трамп веќе стави на располагање милиони евра за конзервативни организации и граѓански здруженија во Европа блиски до движењето МАГА. Тоа е во согласност со приоритетите наведени во Националната стратегија за безбедност на САД од 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан ќе ги обединува националистите од цела…

Поранешниот десничарски премиер на Унгарија, Виктор Орбан,…

Уставниот суд го укина Колективниот договор и…

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука…

Скопскиот регион учествува со 47,1 отсто во…

Скопскиот регион остварува најголемо учество во бруто-домашниот…

Блокиран патот Охрид-Скопје кај селото Ботун: Дрво…

Тв Сител јави дека е блокиран патниот…

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно…

Бројот на невработените лица во третото тримесечје…